Амал му ги остава децата на Џорџ?

28 јули, 20200
george

Веќе со години се пишува за кавгите во бракот на 58-годишниот актер Џорџ Клуни и 41-годишната адвокатка за човекови права Амал Клуни. Сепак, актерот досега играше улога на „негативец“ во медиумите, особено откако неодамна беше објавено дека тој повеќе нема сили да се грижи за своите деца, тригодишните близнаци, Александар и Ема, Radar Online сега изјавува дека и Амал ги занемарува близнаците, поради што Џорџ е приморан да плаќа скапи дадилки.

George Clooney

Имено, како што изјави неименуван извор за споменатите медиуми, Амал во последно време е честопати далеку од дома и децата ги остава на таткото да ги чува. Поради ова, Џорџ е веќе на работ на своите сили и реши да ангажира скапи дадилки за да им даде на своите деца најдобра можна грижа. Џорџ реши да ангажира дадилки за сите свои домови – оној во Лос Анџелес, Мексико, Англија и Италија. За сето тоа, ќе му требаат седум дадилки, и на секоја од нив ќе и плаќа по 70 илјади долари годишно, што заедно ќе го чини половина милион долари за само една година“, изјави извор за Radar Online.

george clooney amal

За потсетување, според најновите објави на странските медиуми, холивудскиот пар е во расправија за одењето во Италија каде што актерот има куќа. Амал, наводно, останала исклучително шокирана откако нејзиниот сопруг и кажал дека сака да го напушти Холивуд, ако не трајно барем подолг период и да оди привремено да живее во нивната вила на италијанското езеро Комо. Не само што треба целосно да го променат начинот на живот, туку треба и да ги остават своите кариери некое време, што според странските медиуми за Амал не доаѓа во обзир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *