Која е другата жена на Џорџ Клуни?

7 мај, 2020
амал

Бидејќи „вечниот холивудски ерген“ и го кажа судбоносното „да“ на адвокатката Амал Аламудин, многумина брзо заборавија дека тој веќе бил во брак и порано. Имено, актерката Талија Балсам успеа да го однесе пред олтарот кога имал само 28 години, а како што признал пред странските медиуми – тој за крах се обвинува само себеси и никој друг, затоа што „најверојатно тој не бил подготвен за таков чекор“.

Џорџ Клуни беше оженет со Талија од 1989та до 1992та година, а на вечна љубов се заколнаа во Лас Вегас.

“Имав 28 години, а во Кентаки кога сте толку стари, мора да застанете пред олтарот. Веќе точно знаете како би требало да изгледа бракот … Сепак, нашиот не беше ниту блиску до тоа. Требаше да работиме на бракот, а јас не сакав да се посветам на тоа и заминав. Можеби се исплашив и можеби не бев дури и подготвен да се оженам. Сето тоа беше моја вина “, призна тој своевремено, а по разводот честопати зборуваше дека никогаш повеќе нема да се ожени.

Талија, откако се разведе од Клуни, се омажи за Џон Слејтер, исто така актер, со кого има син.

“Џорџ сè уште е шармантен, му посакувам се најдобро. Веројатно не бев за брак во тоа време и многу работи тргнаа наопаку”, рече таа во една пригода.

View this post on Instagram

Sitting listening to #bozscaggs #60thompsonhotel

A post shared by Talia Balsam (@taliabalsam) on