Американската „добра девојка“ изненади со својата непристојност: Со короната само дрско!

9 мај, 20200
jennifer

Ова не е време за пристојност и добро однесување.

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, која во американските медиуми најчесто ја нарекуваат „девојка од соседството“ и „добра девојка“, ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со најновата фотографија.

И не, не станува збор за убава слика, гала настан и слично. Тоа е груба порака до невидлив непријател.

Во Америка се шири епидемија на корона вирус, кој однесе над 77.000 животи, а повеќе од 1,2 милиони се заразени. И официјално, САД се најпогоден од овој смртоносен вирус од сите земји во светот.

Воведени се итни мерки, изолација, социјална оддалеченост … и 51-годишната Џенифер го изрази својот револт против ситуацијата со слика.

На Инстаграм објави стара фотографија на која покажува среден прст, „зачинет“ со неколку пцовки.

„Драг ковид, сега можеш љубезно да од*ебеш. Благодарам и збогум“, напиша актерката во коментар покрај фотографијата.

Иако оваа реакција беше неочекувана од актерка која нема „дамки“ кога станува збор за јавниот имиџ, многумина го поздравија нејзиниот гест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi