Андреа Бочели и семејството ги шокираше тажна вест

22 август, 2020
Annotation 2020-08-22 233708

Настана вистинска драма

Андреа Бочели е италијански пејач, текстописец и продуцент кој моментално со семејството ужива на крстарење во Сардинија. Пејачот кој заедно со семејството го преболе корона вирусот, сега заслужено ужива во семејниот одмор со сопругата Вероника Берти, нивната ќеркичка Вирџинија и неговите синови од првиот брак, Матео и Амос. Сепак, семејната идила во еден момент се претвори во драма. Имено, нивното домашно милениче Палина во еден момент побегнало од бродот, после што му се губи секоја трага.

Андреа за помош им се обрати и на пријателите на инстаграм. ‘Помогнете ни да ја пронајдеме Палина. Драги пријатели, овој пат ве молам за мала но важна помош’, започна пејачот откако ја опиша рутата на која може да се наоѓа кученцето. ‘Чипирана е, но веруваме дека ќе биде преплашена доколку ја пронајдете. Многу сме тажни и загрижени поради се што се случи. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме добри вести. Би ви биле многу благодарни ако ни помогнете’, заклучи во тажната објава и на крајот даде контакт на кој можат да се јават оние кои ќе го видат кученцето.

Иако славниот тенор и неговата сопруга, глумицата Вероника, веднаш реагирале и преку мобилен побарале помош, потоа сите заедно вклучувајѓи ги и неговите синови од првиот брак веднаш се упатиле кон плажата за сами да го побараат немирното милениче, најмалата Вирџинија не можела да се смири. Не можела да престане да плаче додека татко и се обидувал да ја смири. Сето тоа го забележале тамошните папараци.