Анџелина Џоли не успеа да ги реализира своите планови: Децата и страдаат, а еве за што е обвинета!

17 ноември, 2020
анџи

Анџелина Џоли не успеа во планот да го исклучи судијата Џон В.Удеркирк од бракоразводната парница со Бред Пит, пишуваат медиумите

Славната актерка, режисерка и хуманитарец побара негово протерување бидејќи наводно не ги открил деловните и професионалните врски со адвокатскиот тим на Бред.

Анџелина тврди дека не е фер судијата Удеркирк да одлучува во веќе четиригодишната тужба за развод бидејќи, како што вели, тој може да биде пристрасен во корист на Бред.

Но, повисокиот суд во Калифорнија пресуди дека Удеркирк, кој ги венчаше Анџелина и Бред во 2014 година на нивниот имот во Франција, да остане на случајот.
Во пресудата се наведува дека Анџелина била свесна за поврзаноста на судијата со тимот на Бред од август 2018 година и дека во тоа време требало да го покрене прашањето за неговото учество во бракоразводната парница.
Упатените велат дека адвокатскиот тим на Анџелина всушност го познавал Удеркирк претходно и првично го привел на случајот и дека ова е класичен пример за некој што се обидува да го избрка судијата од случајот затоа што можеби не му се допаѓа конечниот резултат.

Анџелина е обвинета за тактичкиот потег, поднесувајќи барање за исфрлањето на Удеркирк и продолжувајќи го судскиот процес, во кој поранешната моќна холивудска двојка жестоко се бори за старателство над биолошките и посвоените деца.

БРЕД САКА ПОЛОВИНА СТАРАТЕЛСТВО
Најстариот син Медокс има 19 години и има право сам да одлучи со кого ќе живее, а треба да се одлучи за старателството на 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захар, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Адвокатите на Бред тврдат дека децата ќе страдаат најмногу поради понатамошните одложувања на бракоразводната парница, а тие исто така изјавија дека Анџелина и нејзиниот правен тим побарале три пати во претходните фази на тужбата да го продолжат учеството на Удеркирк во процесот.

Неодамна, Прија Сопори, една од нејзините скапи адвокатки, која била поранешна федерална обвинителка, го напуштила тимот на Анџелина, но не е познато дали била отпуштена или одлучила самата да ја откаже соработката. Сепак, упатените тврдат дека промената во правниот тим во толку доцна фаза на тужба е показател дека Анџелина по секоја цена сака да се избори и да победи.

Бред сака старателството над децата поделено на половина, додека Анџелина сака да и биде доделено целосно старателството.

escort - Korsan taksi