Барак Обама сака во биографскиот филм да го глуми овој актер: Моите ќерки се согласуваат!

26 ноември, 2020
a6849c70-edb8-4e29-a768-7075c39dab24

БАРАК ОБАМА му даде поддршка на раперот Дрејк да го глуми во биографски филм. Пред осум години, Дрејк изјави дека тоа е неговата желба и целта што сака да ја постигне. “Се надевам дека некој ќе сними филм за животот на Обама наскоро, бидејќи јас би можел да го играм. Тоа е целта”, рече Дрејк на филмскиот фестивал во Санденс во 2012 година.

“Секогаш кога ќе го видам на телевизија, не го менувам каналот. Дефинитивно обрнувам внимание и го слушам начинот на кој зборува. Сакам да научам да зборувам како него”, рече тој тогаш. Сега Обама рече дека би бил среќен Дрејк да го игра во иднина. Гостувајќи во емисијата 360 With Speedy Мorman Обама беше запрашан дали би му дал дозвола на Дрејк да го игра. “Ќе го кажам ова, се чини дека Дрејк може да прави што сака. Мислам, тој е талентиран брат. Ако дојде време и тој е подготвен … Дрејк – уште поважно – доби одобрување од моето семејство”, одговори Обама .

escort - Korsan taksi