Баш ништо не е како што замислуваа: Меган и Хари со нов проблем – станува збор за нивниот син

17 април, 20200
megan

Меган Маркл и принцот Хари мора да ги откажат сите планови за прославата на првиот роденден на нивниот син Арчи. Прославата требаше да се одржи во нивниот дом во Лос Анџелес, пишува Daily Mail.

Извор близок на парот изјави дека е планирано да се одржи забава на 6-ти мај по повод роденденот, како и за преселбата на семејството во САД.

Сепак, тие се принудени да откажат сè, заради преземените мерки за социјална дистанца, поради пандемијата на корона вирусот. Градоначалникот на Лос Анџелес потврди дека сите воведени мерки се продолжуваат до 15 мај, а групните дружења се забранети.

Поради сето ова, изгледа дека Хари и Меган ќе мора да го прослават првиот роденден на своето бебе поскромно отколку што замислувале, иако локацијата на забавата сѐ уште не е официјално потврдена.

Долгогодишна пријателка на Хари, неодамна изјави дека тој моментално смета дека „неговиот живот е голем предизвик“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi