Беа лудо заљубени, а потоа ѝ го „скрши“ срцето: „Целосно го потиснав тој тежок период од мојот живот…“

14 декември, 2020
7687218945fd603ea40a3b392634994_v4_big

Во последното интервју, актерката Сиена Милер се присети на нејзините љубовни маки од далечното минато. Нејзината врска и свршувачка со колегата Џуд Лоу не поминаа славно, а сето тоа заврши кога се дозна дека актерот континуирано ја изневерувал со дадилката на своите деца.


“Тоа траеше околу шест недели. Бев во целосен шок и воопшто не се сеќавам на деталите. Целосно го потиснав тој тежок и трауматски настан. Не се ни сеќавам дека се дружев со пријателите, кои тогаш ме видоа”, рече Сиена Милер во новото интервју, кога се присети на горчливото љубовно искуство. Таа зборуваше за нејзината неуспешна свршувачка со актерот Џуд Лоу, со кого започна врска по снимањето на заедничкиот проект „Алфи“. Тие се гледаа една година кога Лу ја запроси. Идилата траеше само 12 месеци, а потоа се дозна за аферата на актерот со дадилката на неговите деца од неговиот поранешен брак.

Во ноември 2006 година, Милер го остави познатиот заводник во кој дотогаш беше лудо вљубена. Честопати ги гледавме заедно на црвениот тепих, идилични одмори низ целиот свет, а таа дури прифати и грижа за неговите деца. “Во тоа време беше ужасно. Морав да се појавувам сама на сцената секоја вечер пред 800 луѓе, пред публика која јавно го следеше мојот љубовен бродолом истовремено. Беше многу предизвикувачко и тешко”, рече 38-годишната актерка.

И покрај големиот скандал што и го приреди, Милер му даде уште една шанса на Џуд. Тие повторно се забавуваа во 2009 година кога заедно глумеа на Бродвеј, за конечно да раскинат во октомври 2011 година.

Познатата русокоса немаше многу среќа во љубовта после тоа, па ја прекина веридбата во уште два наврати. Таа беше свршена со британскиот актер Том Стариџ, со кого во 2012 година ја доби ќерката Марлоу. Таа го напушти Лукас Звирнер овој септември, само девет месеци откако тој ја запроси.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi