Бела Хадид го скенираше своето тело на 3Д формат и ги покажа облините без цензура!

23 октомври, 2020
бела5

Познатата манекенка повторно ја разбуди фантазијата кај мажите, но овој пат во поинаква варијанта


Американската манекенка Бела Хадид (24), која беше прогласена за најубава жена во светот, благодарение на компјутерските пресметки, сега повторно застана пред 3Д камера и го скенираше голото тело.

Имено, таа тоа го стори за многу интересни и креативни цели, бидејќи наскоро ќе се појави на уникатен начин на модна ревија.

Запознајте ја „Диги“ Бела – аватарот на моделот кој наскоро ќе стане sвезда на новото онлајн шоу на Маглер, каде францускиот моден дизајнер ќе претстави нова колекција за пролет – лето 2021 година, на крајно иновативен начин.

По овој повод, Бела позираше само во танга и ги залепи брадавиците со фластери, ја крена косата во пунџа, а очите и излегоа во прв план покрај нејзините гради, како и кренатите веѓи кои и дадоа „изглед на лисица“, а жените ширум светот се обидуваат да го копираат тој тренд.


Погледнете во галеријата како Бела изгледаше топлес пред 3Д камера.

escort - Korsan taksi