Бела Хадид во новата кампања ја покажа својата фигура – за нејзиниот изглед е заслужен напорниот фитнес режим!

20 јули, 20200
bella

Пред да стане светско познато лице од модната писта, Бела Хадид напорно работеше на својата кариера уште од рана возраст. Денес, нема дизајнер што не се натпреварува за неа на модните писти, а во новата кампања на големиот моден бренд, таа покажа зошто е толку успешна.

Бела Хадид е заштитно лице на новата линија на костими за капење Калвин Клајн, а фотографиите на кои таа позира во познатиот бренд за летна облека предизвикуваат вистинска завист.

Хармонична фигура, песочна форма на тело, заводливи атрибути и убава затегната, блескава и добро негувана кожа се главните одлики што прво доаѓаат до израз. Фамозниот изглед и беспрекорната фигура на Бела се должат на напорна работа, напор и пожртвуваност.

Бела тренира до неколку часа на ден, комбинирајќи неколку видови вежби. Покрај кардио, таа тренира бокс, специјални вежби за задникот и стомачните.

Како модел кој најчесто носи оскудна облека, долна облека и костими за капење, стратешките делови од телото се најважни за време на режимот за фитнес.

Освен вежбање, Бела својот изглед го должи на и балансирана диета. Младата убавица порасна со позната мајка која исто така беше вклучена во манекенството, па многу добро знае дека повременото застранување од диетата е единствениот начин за постигнување на целта во овој бизнис. Бела сфати дека во се треба да се има граници , па знае понекогаш да се почасти со пица, тестенини, чаша вино или добар сладолед.Таа не се одрече баш од се, туку го контролира внесот на калории во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi