БИЛА ГЛАДНА СО МЕСЕЦИ И ЖИВЕЕЛА КАКО БЕЗДОМНИК: Денес е СВЕТСКА ДИВА, а нејзиниот тежок животен пат малку кој го ЗНАЕ!

17 јули, 2020
Annotation 2020-07-16 182810

Несогласувањата и недоразбирањата со мајка и довеле до тоа да го напушти родителскиот дом.

Џенифер Лопез го напуштила домот само со облеката која ја имала во ранецот. Поминала неколку месеци како бездомник и без било што за јадење.

Морала да се соочи со се и сешто, вклучувајќи ги и несогласувањата со родителите, кои не сакале да и прижат поддршка, пред да стане една од најголемите ѕвезди на светот.

– Се сеќавам дека се разбудив, се симнав по скалите и им кажав на родителите: Знаете, сонував дека треба да бидам во шоу бизнисот, па веќе нема да одам во училиште – кажа во една прилика Џеј Ло.

Џенифер тогаш имала само 18 години. Реакцијата на нејзината мајка била многу полоша отколку што можела да претпостави…

Поради тоа, таа ја напуштила куќата иако немала каде да оди.

Само со облеката која ја имала во ранецот и неколку лични работи го замолила танчерското студио во кое членувала да и пружи помош, а тие се согласиле. Таму спиела со месеци. Имало денови кога нејзиниот единствен оброк било парче пица.

И покрај сите маки, одбивала да се врати кај родителите. После неколку месеци, почнале да и се отвараат сите врати. Била повикана да работи како танчарка во Европа и се согласила на тоа, а во Америка настапувала во една серија.

Нејзиниот нов дом станал Лос Анџелес и никогаш повеќе не се вратила дома.