Били Ајлиш издаде боенка, а профитот од продажбата оди во УНИЦЕФ

7 април, 20200
били ајлиш

Познатата музичарка Били Ајлиш, во својата линија на производи додаде и една посебна боенка, која се состои од некои од нејзините најпознати илустрации. Се разбира, станува збор за линии помеѓу кои треба да боите, а сите приходи одат директно во УНИЦЕФ.

Боенките одамна не се наменети само за забава на децата. Веќе некое време, важи за одлична алатка за релаксирање, вежбање на фокус и оддалечување на мислите од секојдневниот стрес, а боењето стана дел од глобалното движење на кое многумина се придружија. На ова движење сега се придружува младата музичарка Били Ајлиш со нејзиното издание, кое можете да го купите во физичка форма за 10 долари, додека дигиталната копија може да ја преземете во PDF формат. Можете да го преземете бесплатно, но исто така да донирате 1, 5, 10 или 20 долари. Ако сакате да донирате повеќе, можете да изберете да купите неколку копии. Вашата донација директно ќе ја поддржува работата на УНИЦЕФ. Доколку овие денови не знаете што да правите сами со себе од досада, сакате да направите добро дело или ви треба некоја занимација за да го оддалечите вашиот ум од секојдневните грижи и вознемиреност предизвикани од оваа криза, оваа посебна боенка можете да ја најдате на веб-страницата на Били Ајлиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi