Богаташката прошета со маска со дијаманти, внимава на модата, но не и на здравјето

2 јули, 20200
paris hilton 1

Парис Хилтон беше на вечера со момчето и група на пријатели, а преку лицето имаше заштитна маска со дијаманти.

Богаташката Парис Хилтон секогаш внимава на својот изглед и ништо не остава на случајноста, дури ни заштитните маски. Хилтон со момчето Картер Реум и група на пријатели овој викенд отишла на вечера, а на лицето имаше полупроѕирна маска украсена со дијаманти. 39 годишната богаташка во Лос Анџелес се прошета со бел чипкан фустан, а сите и се смееа на нејзината маска. Со обзир дека маската има дупчиња, повеќе и беше моден додаток, отколку заштита од корона вирусот.Пред неколку дена во јавноста се појавила без никаква заштита.

Картер е првото момче после раскинувањето со вереникот Крис Зилк во 2018 година.. Извор близок до парот за американските медиуми изјави како тие двајца уживаат во љубовта и одлично се сложуваат. Во јануари, оваа година, прв пат се појавија во јавноста, и тоа на доделување на златните глобуси.

Бројни пријатели на Парис тврдеа дека Крис не е вистинскиот маж за Парис, па никого не го чудеше тоа што тие се разделија. Ја запросил со прстен вреден два милиони евра, кој го побара назад по прекинувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi