Братот на Бритни Спирс не сака таа да биде слободна жена!

24 јули, 20200
free britni

Движењето #FreeBritney, основано од љубителите на поп-ѕвездата Бритни Спирс, привлекува големо внимание, а се бори за укинување на старателството над пејачката, кое го доби по нервниот слом во 2008 година. Нејзиниот брат Брајан сега за прв пат зборуваше за семејната драма, изјавувајќи дека „Бритни не е способна да се грижи за себе“, како и дека нејзиниот татко, како што вели, се жртвува себеси за неа.

„Тоа е фрустрирачка работа. Без разлика дали некој навистина сака да ви помогне или само има свој став, фрустрирачки е кога некој продолжува да ви кажува што да правите“, рече постариот брат на пејачката.

Тој додаде дека е свесен дека луѓето се сомневаат дека Бритни се држи „против нејзина волја“, но старателството го опиша како „одлична работа за нивното семејство“.

„Сите не се согласувавме со оваа одлука, сите имаа свое мислење и став дека тоа треба да се стори на поинаков начин. Но, мислам дека донесовме добра одлука на крајот “, рече Брајан.

Последните 12 години, за поп-ѕвездата се грижи нејзиниот татко Џејми Спирс, а нејзиниот брат го опишува овој чин како „жртвување“.

„Мислам дека тој даде направи најдобро што можеше под тие околности“, рече Брајан.

Брајан додаде дека семејството „се надева на најдоброто“, додека судот го разгледува правниот статус на поп-ѕвездата. Во наредните недели треба да се донесе одлука дали Бритни ќе биде под старателство по 22 август.

Сепак, нејзиниот брат е загрижен дека наглото прекинување на старателството може да претставува ризик за животот на пејачката.

„Таа е опкружена со тим на луѓе од нејзината 15-годишна возраст, па прашање е во кој момент ќе исчезнат сите или ќе се намали бројот на луѓе“, рече тој и објасни дека пејачката никогаш не морала да прави едноставни работи, како што е резервација на ресторан, не морала да вози сама..

Потсетувајќи се на 2007 година и нервниот слом во јавноста, тој рече дека моментот бил ужасен за целото семејство и дека од вестите дознале за нејзините проблеми. Сето ова доведе до старателство над неа.

„Јасно е дека на почетокот имаше потреба од тим. Претпоставувам дека сите ги знаат проблемите низ кои поминуваше“, рече тој, додавајќи на пејачката и е подобро откако таа и нејзиниот тим направиле некои промени.“

Во моментот Џоди Монтгомери е привремен чувар на пејачката, откако нејзиниот татко поднесе оставка од таа позиција поради здравствени проблеми во 2019 година. Во истата година, поранешниот сопруг на поп-ѕвездата Кевин Федерлин поднесе тужба за наводна злоупотреба на своите деца од Џејми, но судот ги отфрли обвинувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi