Бред и Анџелина повторно се во неволја! Посегнаа по оружје пред децата! Сега на суд треба да одговараат за тоа!

4 ноември, 2020
бред

Токму кога помисливме дека Бред Пит и Анџелина Џоли го завршуваат случајот со разводот затоа што беше решено дека Бред има право на еднакво старателство над неговите биолошки деца, Шајло и близнаците Вивиен и Нокс, исто и еднакво старателство над посвоените деца, дознаваме дека бракоразводната парница на Бред и Анџелина не е ни близу до крајот.

Брачната двојка е во неволја за поседување на огнено оружје. Како што тврдат, судијата ги замолил Пит и Џоли да дадат детали за секое оружје што некогаш го поседувале и за она што го поседуваат сега. Изворот близок на медиумите, рече дека Калифорнија е една од оние држави која е против оружјето, па затоа треба да се побара извештај од Пит и Џоли за поседуваното оружје. Покрај тоа, Бред и Анџелина треба да кажат кое од нивните деца знае за оружјето.


Пит и Џоли се одговорни сопственици на оружјето и исто така ги научиле своите деца да не се плашат од истото. Покрај тоа, изворот истакнал дека Анџелина и Бред посетувале курсеви за безбедност со оружје и биле на стрелиште. Но, колку и да се чувствуваат безбедно Пит и Џоли, како и нивните деца, поранешните сопружници сепак треба да ги наведат сите детали за оружјето што го поседуваат. Изворот додаде дека Бред и Џоли поседуваат толку многу оружје што ќе им треба доста време да ги соберат сите потребни информации поврзани со истите, што би можело да ја продолжи нивната тужба за развод.

Пред четири години sвездата на реалното шоу Џеси Џејмс, открил дека го прилагодил огненото оружје Cisco 911 само за Пит и Џоли. Потоа рече дека оружјето што го прилагодиил за поранешните сопружници одговара на големината, силата и прецизноста на оружјето што го користат владините службеници. Но, иако е потврдено дека Пит и Џоли имале пушки пред неколку години, но не се знае дали и денес имаат оружје во домот. Никој со сигурност не знае колку оружје имаат. Додуша, бевме изненадени што поранешните сопружници воопшто имаат оружје, при целото осигурување што го поседуваат, како и фактот дека и децата знаат за тоа.