Бритни конечно собра храброс и ангажираше адвокат: Таа не сака татко и Џејми да и го води животот и финансиите

21 август, 20200
britni 2

Медиумите наидоа на документи во кои нејзиниот адвокат бара нејзината менаџерка Џоди Монтгомери привремено да се грижи за недвижнините и парите на споменатата музичарка.  

Откако Бритни Спирс (38) доживеа јавен нервен слом во 2007 година и заврши во болница, на нејзиниот татко Џејми (68) му беше одредено законско старателство над неа.

Сепак, пејачката сега ангажираше адвокат, кој побара од надлежните институции Џејми да го изгуби старателството и со тоа да престане да го контролира нејзиниот живот, пишува The Sun.

Тој досега и ги контролираше финансиите, но и другите аспекти на животот. Со години пејачката не може да да одлучува со кого ќе се гледа, каде ќе оди и што ќе прави, без негово одобрување.

Медиумите наидоа на документи во кои нејзиниот адвокат бара недвижностите и парите на споменатата музичарка да бидат привремено згрижени од нејзината менаџерка Џоди Монтгомери, а странките остро се спротивставуваат на континуираната контрола на татко и Џејми на богатството на Бритни.

На фановите на пејачката не им се јасни намерите на Џејми, но кружат гласини дека нејзиниот татко се обидува по секоја цена да ја задржи контролира, за да има увид во нејзината финансиска состојба и трошоците.

Затоа порано го лансираа движењето #FreeBritney на Интернет, во кое се залагаат пејачката конечно да започне со управување со сопствениот живот.

– Со години го уништува здравјето на Бритни и ја тера да работи, а ги зема сите пари за себе. Таа живее од џепарлак додека плива во милиони. Би ја продал за пари – ова се само некои од коментарите на обожавателите на оваа тема.

Сепак, Џејми има своја страна на приказната.

– Овие теоретичари на заговор немаат поим. Судот во Калифорнија ќе одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Морам да го пријавам пред судот секој долар што сум го потрошил. Како би можел да украдам нешто? Луѓето ни се закануваат со смрт. Не сакаме вакви обожаватели. Ја сакам ќерка ми и сите мои деца – рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *