Бритни Спирс: Во болница ме сместија против мојата волја, и ме присилија да пијам лекови

17 јули, 20200
Annotation 2020-07-17 173149

Славната пејачка го шокираше целиот свет со новите изјави

“Поп принцезата” и една од омилените тинејџ ѕвезди од деведесетите години, Бритни Спирс (39), откри дека минатата година ја хоспитализирале против нејзина волја и ја присилиле да ги пие лековите од кои и било лошо.  

Пејачката ја шокираше јавноста со својата изјава, а целата приказна ја потврди и нејзината мајка Лин Спирс која вели дека Бритни е под целосна контрола на својот татко веќе 13 години.

Пејачката, според мислењето на обожавателите, е жртва на група луѓе, во која се наоѓаат нејзиниот менаџер, издавачката куќа и семејството, а сето тоа трае од нејзиното детство.

Во 2007ма година пејачката не можеше да го издржи притисокот и тогаш се случи прочуениот нервен слом, а фотографиите на кои си ја бричи главата го заобиколија светот.

Откако беше хоспитализирана, Џејми Спирс, нејзиниот татко побара трајно старателство над ќетката. Успеа во тоа и доби старателство на основа на нејзината неспособност за донесување на сопствени одлуки и раната деменција.

Од 2008ма година сите нејзини недвижнини, парични средства и сите поголеми животни одлуки на пејачката ставени се под контрола на нејзиниот татко и адвокатот Едвард Валета. Бритни не располага со своите финансии, туку добива неделен џепарлак.

Не смее сама да вози автомобил, да се омажи, да гласа итн. Бритни на суд раскажа дека сакала дете со момќето Сем, но татко и и го забранил тоа, па сега нејзините обожаватели се се поодлучни да и помогнат. Тие го започнаа двожењето #FreeBritney на социјалните мрежи, како таа би се ослободила од контролата на нејзиниот татко и повторни би имала нормален живот и ненарушени лични права.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi