ЧОВЕК ЛЕГЕНДА!: Клуни после 7 години откри зошто 14 најблиски пријатели ги почести со милион долари

18 ноември, 2020
dzordz-kluni-seda-kosa-830x0

Американскиот актер Џорџ Клуни (59) е навистина добар пријател, пренесуваат странските медиуми. Во 2013 година, актерот на фантастичен начин им се оддолжил на своите најблиски пријатели, кои некогаш му помагале додека не бил познат и го трасирал патот до славата. Оскаровецот ги потврди гласините дека дал милион долари за своите 14 пријатели пред 7 години.

– Само што помислив дека ако ме удри автобусот, тие ќе бидат во мојот тестамент. Па, зошто чекам да ме удри автобус? – рече тој за списанието „GQ“ и за изданието „Човек на годината“.

Пред неколку години, најдобриот пријател на Клуни, Ранде Гербер (58) ги шокираше обожавателите кога рече дека Клуни ги покани своите пријатели на вечера една вечер и ги изненади со подарок од милион долари што им го подари на секој од нив.

Тоа беше многу пред Клуни, Гербер и другите пријатели да го продадат својот бренд текила за милијарда долари. Клуни откри дека кога решил да им даде пари на своите пријатели, тој бил сам, стар и не очекувал да има семејство. Актерот сега е оженет со адвокатката Амал Клуни (42) и е татко на тригодишните близнаци Александар и Ела.

– И си помислив, сè што имам се овие момци кои ми помагаа на еден или друг начин веќе 35 години – рече Клуни. – Спиев на нивните каучи кога немав пари, ми позајмија пари кога бев скршен. Тие ми помогнаа кога ми требаше помош со текот на годините. И мислев дека без нив нема да имам ништо од ова – заклучи Клуни.

escort - Korsan taksi