Дали една од сестрите Кардашиан ИМА НОВО МОМЧЕ?

19 ноември, 2020
кардаш

Приватноста и е на прво место
Со оглед на тоа дека таа е прва од сестрите Кардашиан што се откажа од снимањето на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, што ги направи славни, бидејќи повеќе не сакаше да ја изложува својата интимност пред јавноста, не е изненадувачки што 41-годишната Кортни Кардашиан веќе некое време не зборува за својот љубовен живот.


Значи, сè уште не е јасно во какви односи е со моделот Фаи Кадр, со кој беше снимена минатата недела во центарот на Лос Анџелес. Познато е дека 29-годишниот Фаи е пријател на нејзината најмлада сестра Кајли долги години. Пред него, таа беше со 27-годишниот модел Јунес Бенџима, со кого често раскинуваше од 2016 година до оваа година. Нејзината најголема љубов е сепак Скот Дисик со кого има три деца, десетгодишниот Мејсон, осумгодишната Пенелопе и петгодишниот Рејн, а се разведоа во 2015 година.