Денес ќе наполнеше 28 години: Џон Траволта објави трогателна фотографија од роденденот на неговиот покоен син

15 април, 2020
naslovna

На своите профили на Инстаграм, холивудскиот актерски пар Џон Траволта и Кели Престон, но и нивната ќерка Ела, објавиле заеднички фотографии со Џет Траволта, синот и братот кој починал пред 12 години за време на семеен одмор на Бахамите.

„Среќен роденден Џети! Те сакаме“, напиша 66-годишниот Џон Траволта, објавувајќи црно-бела фотографија со синот.

View this post on Instagram

Happy Birthday Jetty! We love you! ❤️

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

Џет Траволта почина во јануари 2009 година на летување на Бахамите кога имаше само 16 години. Додека се бањал во луксузен хотел, Џет претрпел епилептичен напад, при што ја удрил главата во кадата. Џет беше аутистичен, но семејството неволно зборуваше за болеста на нивниот син.

View this post on Instagram

Happy Birthday to our sweetest Jetty, we love you!! 💖✨

A post shared by Kelly Preston (@therealkellypreston) on

Оваа година тој би го прославил 28-от роденден.