Додека манекенката го лаже светот дека е во среќен брак, сопругот го тврди спротивното: со години се трудиме да го спасиме она што може да спаси!

9 април, 20200
zizel 1

Рагбистот и сопруг на супермоделката Жизел Бундшен, Том Брејди, изјавил дека неговата сопруга не е задоволна во врската и дека му предложила да побараат помош од брачно советувалиште.

Гостувајќи во емисијата на Хауард Стерн, Брејди открил детали за бракот со бразилската супермоделка, меѓудругото и дека Жизел две години не е среќна во бракот.

“Пред неколку години беше незадоволна зашто мислеше дека не ги извршувам своите обврски кон семејството. Тврдеше дека мене ме интересира само фудбалот, дека никогаш не сум присутен и дека грижата за домот, децата и семејството е само нејзина. Јас не внимавав многу на тоа и кога одев на тренинг или подготовки ми поставуваше прашања од типот- а кога ќе ги завршиш домашните обрски, или- кога ќе ги однесеш децата на училиште?”, изјавил Брејди.

Познатиот спортист додал и дека морал да се освести дека постои проблем и да си признае дека во бракот постојат работи поради кои мора да се преиспита.

Тогаш одлучил дека семејството е на прво место и дека мора да направи други приоритети доколку сака да го зачува- тоа резулирало со напуштање на терените за рагби.

Откако го напуштил спортот заради семејството Брејди се чувствувал незадоволно и и замерувал на Жизел за таа одлука, но до точка на топење дошло кога сопругата му напишала писмо во кое му соопштила како се чувствува во нивниот брак.

“Ми напиша писмо кое го чувам и секогаш го читам, во кое меѓудругото ми кажа дека она што беше добро и функционираше пред 10 години, нема да функционира добро и понатаму затоа што сме тргнале на различни страни. ”

Се чини дека навидум среќниот пар го чека долг пат кон надминување на проблемите.

Жизел и Том се венчаа во 2009 година и имаат две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi