Додека српските медиуми пишуваат за разводот на Северина и Игор, тој праќа бакнежи на некој друг

21 мај, 2020
игор

Северина и Игор Којиќ сè уште не се огласуваат за нивниот однос, иако има сè повеќе гласини дека нивниот брак е во криза. Српските медиуми пишуваат дека Којиќ дури доставил документи за развод, но многумина се сомневаат во тие написи.

Она што е познато е дека пејачката се врати од Белград во Загреб кон средината на април заради синот Александар, а очигледно Игор Којиќ не дојде со неа.

Оттогаш, тие не си ги лајкуваат ниту коментираат фотографиите на социјалните мрежи, а Којиќ не и го честита јавно роденденот на сопругата, што го прави секоја година дотогаш.

Напротив, откако српските медиуми се распишуваа за разводот, тој му честиташе роденден на некој друг, фудбалерот на клубот Телеоптик, Александар Икундриќ.