Дуа Липа го објави знамето на Голема Албанија на својот профил со скандалозен коментар и повторно ги разбесни Србите!

20 јули, 20200
dua lipa

Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа се побуни на Инстаграм во саботата, поради фактот што „Apple“ на својата апликација „Apple Maps“ покажуваше дека Косово и Метохија се составен дел на Србија.

-“Зошто Косово не е и никогаш нема да биде Србија. Apple, ни требаат одговори. Ставете ги Косово и Палестина на мапата.” – напиша Дуа Липа.

Нејзе и одговори и Јелена Карлеуша која апелираше дека таа треба да ги користи својот профил за ширење љубов, а не омраза.

– “Те молам, користи ги твоите социјални платформи за ширење љубов, мир и музика (и врати се во Косово за да бидеш со твојот народ). Испраќам многу љубов до сите добри луѓе ширум светот.” – рече ЈК. Сепак, Дуа Липа реши да направи нов чекор. Имено, таа објави фотографија од знамето на Голема Албанија кое висеше на дрон за време  на натпреварот Србија – Албанија во Белград во 2014 година, по што натпреварот беше прекинат.

Под сликата следеше скандалозниот коментар на пејачката: – Домородни – придавка (жител на место) домородци, а не потомци, мигранти или колонисти – напиша Дуа Липа на англиски јазик.

Секако, коментарот ги налути многу Србите, кои и напишаа дека Косово и Метохија се Србија.

Еве ја и фотографијата што таа ја објави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi