Дури и на Роналдо не му е лесно во изолација, но најде начин како да остане во форма

14 април, 2020
роналдо

Фудбалерот Кристијано Роналдо баш и не може да работи од дома, но одлучи барем да остане фит. Во тоа му помагаат децата, без разлика што и да мисли за тоа.

Освен фактот дека поради пандемијата се движиме помалку, Велигден сигурно не ни помогна кога станува збор за вишокот килограми, но фудбалерот Кристијано Роналдо работи напорно за да остане фит. Во тоа му помагаат дури и децата.

Португалскиот спортист одржува врска со повеќе од 200 милиони фанови преку социјалните мрежи, на кои објави симпатично видео како вежба во својот дом. Деветгодишниот Кристијано Роналдо Џуниор и двегодишните деца Ева Марија Дос Сантос, Алан Мартин дос Сантос Авеиро и Матео Роналдо го отежнаа тренингот на нивниот 35-годишен татко, дома во Мадеира, но резултатот е дефинитивно забавен за целиот интернет.