Џастин Бибер би сакал да го врати времето: Жал ми е што имав сексуални односи пред брак

17 мај, 20200
biber

Без многу размислување, славниот пејач откри за што најмногу жали.

Џастин Бибер, во својата серија на Фејсбук „The Biebers on Watch“, откри за што најмногу жали до неговите сегашни 26 години, а тоа се однесува на неговата сопруга, моделот Хејли Бибер (23).

Двајцата, секако, поминуваа време заедно во изолација за време на пандемијата на коронавирус и честопати објавуваа слики на социјалните медиуми.

View this post on Instagram

Family photo

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

– Ако можев да се вратам во времето и да избегнам некои работи што ме болат … веројатно би се чувал за брак – рече популарниот музичар.

– Сексот е збунувачки кога сте сексуално активни со никого – додаде Бибер, но убавата Хејли не се согласи со неговото мислење и тврди дека секој има различни искуства.

„Се согласувам дека физичкиот однос може да ги направи работите збунувачки“, рече таа.

Познато е дека Џастин имал „сериозни проблеми со сексот“, а пред тој и Хејли повторно да станат блиски, од сопствената слободна волја тој апстинираше една година, а сега рече дека сексот може „да го збуни расудувањето и донесувањето одлуки“.

– Кога мојата врска со Хејли стана сериозна, јас престанав да имам секс и работите станаа многу појасни. Бев во можност да ја обновам мојата врска со неа и да градам доверба со неа. Таа можеше да ме сфати сериозно и да знае дека ако не го сторам тоа со неа, не го правам со некој друг. Можеше да ми верува во тоа – рече Бибер.

Хејли и Џастин се венчаа во септември 2018та година пред матично во Њујорк, а една година подоцна следуваше уште една венчавка – во присуство на пријатели и семејство во Јужна Каролина. Потоа се венчаа во капела на имотот на луксузен хотел со пет везди, а на церемонијата присуствуваа 154 гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi