Џастин Бибер ги обелодени доказите за сексуалното злоставување: ЈА ВМЕША И ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА!

25 јуни, 20200
gfd


Џастин Бибер зборуваше за наводите за сексуална злоупотреба преку неговиот твитер профил. „Обично не зборувам за ова затоа што имам слушано разни обвиненија во текот на целата моја кариера, но откако разговарав со сопругата и мојот тим, решив да зборувам за ова прашање“, напиша пејачот. „Гласините се гласини, но сексуалната злоупотреба е нешто што не го сфаќам лесно. Сакав да зборувам за тоа порано, но од почит кон сите жртви кои секојдневно се справуваат со ова, прво сакав да ги соберам сите факти и дури потоа да дадам изјава “, додаде тој.

BBC известува дека наводите за злоупотреба се појавија на Твитер во текот на викендот на кои пишуваше дека инцидентите наводно се случиле во 2014 и 2015 година. Еден анонимен профил набргу е избришан, но Бибер одговори дека нема „никаква вистина“ во обвинувањата. Вториот профил е сè уште активен и не е анонимен, но потпишан во името на Даниела, која тврди дека нападот се случил во Хјустон во март 2014 година. Таа тврди дека Џастин Бибер, по ненадејниот настап пред помала публика во еден бар, ги поканил нејзините и двајца пријатели во хотелот „Four Season“ во Остин. Таа понатаму тврди дека пејачот ја одвел во приватна просторија каде се случил наводниот напад. Таа вели дека не сакала да кажува на никого со години, но дека после неколку години терапија, разговарала со семејството и блиските пријатели. Како одговор, Џастин Бибер објави слики од екранот и написи кои датираат од вечерта на наводниот напад, кои покажуваат дека тој во тоа време бил со тогашната девојка Селена Гомез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *