Џастин Бибер објави романтична фотографија со Хејли на нивниот меден месец по 2-годишнината од брак!

5 октомври, 2020
џастин и хејли

Тие цело време покажуваат колку се заљубени
Џастин Бибер (26) и Хејли Болдвин (23) неодамна ја прославија втората годишнина од бракот, а популарниот пејач се присети на романтичен момент од медениот месец.

Пејачот очигледно е сè уште под впечаток на неговиот меден месец, па ја објави нивната заедничка слика од пристаништето, во која ја бакнува Хејли во разнобоен дуксер и костим за капење под отворено небо.

Во саботата, славниот пар објави слики од Лос Анџелес, каде уживаа во романтична вечера и беа во малку поелегантна комбинација.

Бидејќи редовно објавуваат слики од нивниот приватен живот, тоа го сторија и овој пат, а сликата од нивниот меден месец досега собра околу 4.500.000 лајкови.

View this post on Instagram

My ❤️ 📷: @490tx

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on


Пејачката и манекенката беа пријатели долго време пред да започнат да се забавуваат во 2016 година. Тие раскинаа подоцна, но повторно влегоа во романсата во 2018 година
Тие се венчаа во Њујорк на 13 септември 2018 година, а подоцна имаа традиционална свадбена церемонија во Јужна Каролина, на 30 септември.

Уште кога потврдија дека се повторно заљубени, тие многу отворено разговараа за тоа колку се среќни во врската и што е потребно за да имаат среќен брак.

Хејли и Џастин Бибер: