Џеј Ло е бомба дури и во лежерно домашно издание

19 април, 2020
Naslovna

Но да бидеме реални, дали некогаш сме ја виделе во некое лошо издание?

Џенифер Лопез се придружи на музичките звезди на онлајн концертот “One World: Together at Home”.

Убавате Џеј Ло запеала од својот двор, украсен со ламби а на себе имала тренди преголем џемпер и долга сукња. Иако сме ја навикнале во костими со светки, Џеј Ло изгледа сензуално дури и во ова издание.