ЏЕЈ ЛО ЈА НАПАДНАА СО КРИТИКИ: Настапот со помладиот колега е премногу секси и таа го копираше од Бијонсе!

23 ноември, 2020
_uploads_thumbs_resize_800x420_342690

Викендов во Лос Анџелес се одржаа американските музички награди, а многу светски sвезди едвај чекаа конечно да настапуваат пред публиката

Меѓу нив беше и Џенифер Лопез, која излезе на сцената и испеа два хита Pa Ti te Lonely, со нејзиниот помлад колега Малума, песните што ги претставија на почетокот на оваа година.

Сепак, самиот настап предизвика бројни реакции во јавноста затоа што, како што многумина тврдат, пејачката со Малума (26) настапија во прилично провокативна кореографија.

После тоа, пејачката се најде на мета на критичарите затоа што го копираше настапот на друга дива, Бијонсе. Имено, како што тврдат на социјалните мрежи, годинашниот настап на Џеј Ло е премногу сличен на оној што Бијонсе го изведе во 2014 година за песната Drunk In Love.

Тие и замерија за ваквата слична фризура, сличен комбинезон со проѕирен тул, па дури и дел од кореографијата затоа што двете диви во одреден момент седат на стол.

escort - Korsan taksi