Џеј Ло во борба со свршеникот Алекс Родригез: Тој не сака таа да му забрани да ја изневерува!

12 ноември, 2020
Џен

Веќе некое време се пишуваше дека Џенифер Лопез и Алекс Родригез имаат проблеми во врската.

Се зборува дека парот не може да се согласи на предбрачен договор. Лопез, наводно, сака Родригез да го потпише договорот што е можно поскоро, но поранешниот атлетичар сака да помине некое време пред да го стори тоа.


За Лопез е познато дека е навикната да е со мажи кои не ги познава добро и не им верува целосно, па затоа никогаш немала проблем да ги принуди да потпишат предбрачен договор, што може да се заклучи од нејзиното љубовно минато и четирите неуспешни обиди за брак. Родригез, од друга страна, секогаш прави консултации со неговите адвокати пред да се согласи на условите за било каква соработка, без разлика дали е деловна или љубовна.

Родригез едноставно не можеше да ја прифати клаузулата. Според истата Лопез го замолува нејзиниот свршеник да и плати 250.000 долари во случај да и биде неверен. Адвокатите на Родригез, сепак, инсистираат на тоа да тој се бори против тоа. Но, со овој потег започнуваат нивните проблеми во врската, дури пред да стапат во брак.

View this post on Instagram

I had a dream…(in my Billie Eilish voice) 🎶☺️… except it was real…Everyday with you is an exciting, beautiful adventure… The best is yet to come… and what a dream it all is and will always be… Te amo Amor 💗💍 #1yearagothishappened … One year ago on a beach in the Bahamas…. I was a nervous wreck, more nervous than my entire playing career, I got down on one knee and asked you a question… you said yes ❤️ . . Jennifer, every moment with you is a blessing. You are my best friend, my inspiration, an amazing mother, and a role model to all. . Macha, I am so lucky to be with you. Thank you for making my life better. I can’t wait to make more memories with you. . I love you. #HappyAnniversary ❤️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Иако Џенифер и Алекс не дадоа јавна изјава за ова прашање, факт е дека нешто се случува во нивната врска, со оглед на тоа што тие ја одложуваа венчавката толку долго. Џеј Ло најпрво рече дека корона вирусот е виновен за сè и дека не брза за нешто толку сериозно затоа што била во брак неколку пати. Алекс, пак, на почетокот на подготовките за венчавката изјави дека Џеј Ло е премногу опсесивна околу организирањето на венчавката и дека не смее да зборува ништо на оваа тема. Во меѓувреме, се појавија гласини дека парот се откажува од венчавката и наместо тоа ќе посвои деца, така што постојат неколку теории зошто парот чекал толку долго. Но, судејќи според љубовните бродоломи на Џенифер Лопез во минатото, не би биле изненадени зашто sвездата навистина се плаши дека Алекс ќе ја изневери или ќе ја напушти, па затоа е логично дека сака да се заштити од тоа.