Џеј Зи е најмоќниот музичар на светот благодарение на својот бизнис, но и славната сопруга!

14 декември, 2020
Beyonce-et-Jay-Z-770x423


Џеј Зи ја започна својата кариера во 1995 година и не му требаше долго за да стане еден од најмоќните рапери во светот. Медиумите го обожаваат и за неговиот брак со Бијонсе, со која има три деца. По повод неговиот роденден, потсетивме на деталите од неговата кариера.

Џеј Зи порасна во Њујорк и ја започна својата музичка кариера со основањето на Roc-A-Fella Records во 1995 година. Преку неговата етикета го издаде својот прв студиски албум во 1996 година, кој ја освои публиката ширум светот. Досега има издадено дури 12 албуми, а познат е и по бројните соработки со светски sвезди. Најпознат е секако со неговата сопруга Бијонсе, со која објави и неколку дуети.


Џеј Зи и Бијонсе застанаа пред олтарот на 4 април 2008 година, но Бијонсе не го покажа својот венчален прстен од 5 милиони долари до септември истата година. Двојката живее во замок од 88 милиони долари на „Бел Ер“ во Лос Анџелес, и често се со семејството во Њујорк, во зависност од бизнисот.

Избегнуваат да коментираат за нивната врска, а Бијонсе честопати истакнуваше дека приватноста им помага најмногу да ја одржуваат врската. Списанието Тајм ги рангираше меѓу 100-те највлијателни парови во светот во 2006 година, а во 2009 година Форбс ги опиша како најбогатиот пар во Холивуд. На 2011 MTV Video Awards, Бијонсе објави дека го чека нивното прво дете. Тие ја добија ќерката Блу Ајви Картер, на 2 јануари 2012 година, а Џеј Зи тогаш ја објави песната „Glory“ која ја посвети на својата мала ќерка.

Токму во песната тој ги откри проблемите низ кои поминувале додека Бијонсе била бремена, вклучувајќи го и спонтаниот абортус што го имала непосредно пред да забремени со Блу ​​Ајви. Во јуни 2017 година, таткото на Бијонсе, Мајкл, откри дека таа и Џеј имале близнаци, Руми и Сира.