Џенифер Анистон го откри најлудото место на кое водела љубов

22 август, 2020
Annotation 2020-08-22 221447

Малку е и опасно

Џенифер Анистон неодамна откри дека смета дека мажите се чувствуваат загрозени кога се во друштво на жени кои не се плашат да зборуваат за секс и кои се уверени кога станува збор за сексот. Иако, како што вели, во дваесеттите години немала доволно самодоверба, таа е среќна што ја стекнала со текот на годините и дека не се двоуми да ги испроба работите што денес ги замислува.

‘Сега имам многу поголема самодоверба кога станува збор за моето тело. Се чувствувам подобро отколку во дваесеттите години. Тогаш се чувствував многу непријатно во мојата кожа. Не се срамам да зборувам за секс, еве можам да ви кажам кое е најлудото место каде некогаш сум водела љубов. Тоа беше покривот на една зграда. Сè беше малку несигурно затоа што скоро и паднав, но на тој настан секогаш се сеќавам со насмевка. Жените не треба да се срамат од сопствената сексуалност и треба да им појаснат на мажите што сакаат. Јас ви велам, понекогаш обидете се да го замените креветот со пооригинално место “, рече 51-годишната Џен во радио интервју. Многумина се прашуваа по оваа изјава дали и на Бред Пит токму тоа му е најлудото место во кое водел љубов, а некои фанови на поранешните сопружници се пошегуваа дека некој од новинарите може да му го постави и на Бред истото прашање.