Џенифер Анистон ја откри тајната за својот изглед: Еве како да останете млади и убави. Тајната е во оваа состојка

26 ноември, 2020
dzenifer-aniston

Џенифер Анистон отсекогаш била позната по нејзината затегната фигура и безвременската убавина. Таа сега откри дека, меѓу другото, колагенот е нејзината тајна да остане млада и убава, пренесува entertaintimes.com.

Џен исто така секогаш одржувала и сè уште одржува дисциплиниран режим на фитнес. Покрај тоа, таа посветува посебно внимание на диетата, како и на додатоците во исхраната, а ѕвездата на „Пријатели“ е позната и по наклонетоста кон медитација, јога и карате, па не е изненадувачки што дури и на 51 година изгледа зачудувачки во пар хеланки.

Велат дека ако започнеме да консумираме колаген доволно рано, ќе видиме промени во рок од еден месец. Колку сме помлади, толку помалку се губи сопствениот колаген и на нашето тело му треба помалку стимулација „однадвор“. Меѓутоа, ако почнеме да конзумираме колаген кога брчките на нашата кожа се веќе изразени, ќе треба да почекаме најмалку два или три месеци за првите резултати. Џен започна да користи колаген во разни форми пред две децении, а сега отворено зборува за придобивките од овој протеин и рече дека е задоволна што ја проширила својата свесност за заслугите на колагенот.

escort - Korsan taksi