Џенифер и Бред кријат дете? Веќе не се знае што е вистина!

17 јули, 20200
jen i bred

Поминаа скоро 16 години од разводот на актерите Бред Пит и Џенифер Анистон, а многумина сè уште ја гледаат љубовта во нивните погледи. Еден од најсексапилните парови во Холивуд никогаш не престана да биде главна тема. По повторното обединување откако Бред се разведе од актерката Анџелина Џоли, има гласини дека Бред и Џенифер повторно зборувале за заедничко дете, пишува Gossip Cop.

Се појавија нови гласини дека неофицијалната двојка размислува за принова.. Додека некои шпекулираат дека Џенифер целата бременост ќе ја чува во тајност, одвоена од Бред, други предвидуваат други, алтернативни методи на породување.

Додека Џенифер постојано објавува фотографии на социјалните медиуми, странските медиуми сметаат дека сето ова се случува со причина. Така, таа неодамна објави фотографија каде ја елиминира старата облека затоа што и е смалена. Тоа беше причината за шпекулациите дека актерката е бремена со близнаци, и токму заради бременоста ја елиминира стара облека.

Некои од наводно потврдените гласини биле дека уште во 2000 година, Џен ги замрзнала своите јајца, така што, ако еден ден не биде со Бред, таа би можела да ги носи неговите деца без негова согласност. Но, со оглед на околностите и осаменоста на Бред, можно е актерката да добие нова шанса и да го избегне трудот околу алтернативните методи на бременост.

Brad Pitt

Бидејќи веќе е познато дека Џорџ Клуни беше кум на Бред на нивната свадба, а со тоа што поранешниот пар веќе некое време не се појавува во јавноста, кружеа приказни дека Клуни им ја понудил неговата куќа во Италија, се со цел да направат бебе. Тој планираше сè однапред, според споменатите медиуми, и ако Џен има проблеми со бременоста, таа веќе има лекари подготвени за тоа. Тие исто така пишуваат дека Бред бил пресреќен поради ова.

И покрај сите гласини и „неисцрпни“ извори на бесмислени приказни, згодната 51-годишна актерка Џенифер Анистон и пет години постариот поранешен сопруг Бред никогаш не ја потврдија својата обновена врска, а камоли за љубовна врска или размислување за деца. По 2016 година, тие не се состануваа често, но кога беа „фатени“ заедно, не го криеја својот ентузијазам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *