Џиџи Хадид го роди првото дете и веднаш објави фотографија

24 септември, 2020
profimedia-0492267043

Манекенката, 25-годишната Џиџи Хадид и нејзиното долгогодишно момче, музичарот Зејн Малик официјално станаа родители. Двајцата вчера го пречекаа своето прво дете заедно, а мама и девојчето се чувствуваат одлично. Зејн ги објави среќните вести на Инстаграм и заработи скоро пет милиони лајкови за првата фотографија од рачката на бебето.


Многумина шпекулираа дека Џиџи се породи минатата недела кога нејзиниот татко, познат инвеститор во недвижнини Мохамед Хадид, на својот Инстаграм профил објави рачно напишано писмо до бебето. И покрај фактот дека скоро сите странски медиуми веќе ја прогласија за „нова мајка“,Џиџи на својата Инстаграм приказна објави црно-бели фотографии на кои нејзината мајка Јоланда го бакнува бремениот стомак. „Нашето девојче пристигна и веќе ги смени нашите животи. Толку сум заљубена во неа ’, напиша кратко среќната нова мајка.

escort - Korsan taksi