Џо Егзотик ја моли Ким Кардашиан за помош: „Ти и Доналд Трамп можете да ме извадите од затвор…“

10 декември, 2020
pjimage-1_HuWYVz1


Ова не е првото писмо што го испрати Џо од затворот, а животот зад решетки се чини дека му паѓа многу тешко. Неодамна напиша дека изгубил многу килограми и дека нема да преживее долго во вакви услови.


За екстремно бизарната и екстремно популарна документарна серија на Нетфликс „Tiger King: Murder, Mayhem and Madness“ на големо се зборуваше во 2020 година, а публиката ширум светот не го криеше шокот од она што го виде.


Иако е осуден за обид за убиство на Керол Баскин и моментално е зад решетки, главниот протагонист на серијата Џо Егзотик (57) кај многумина ги разбуди симпатиите поради неговиот препознатлив став и изглед.


Незаборавниот Џо стана оваа година тема на Ноќта на вештерките во семејството Кардашијан-Вест, а сопната ѕвезда на Нетфликс тоа го искористи за да контактира со несудената адвокатка Ким Кардашијан.


„Не ти го пишувам ова како Џо Егзотик, туку како Џозеф Малдонадо, обичен човек кој лежи невин зад решетки. Јас би те замолил да одвоите 10 минути од вашето време и да му се јавите на претседателот Доналд Трамп. На тој начин ќе ми помогнеш, и тој може да ме смилува. Моето барање од 257 страници чека на ред, и таму покажува дека не сум виновен. Сакам да се вратам кај сопругот – стои во писмото што и го испратил Exotic.


Ова не е првото писмо испратено од Џо од затворот и се чини дека животот зад решетки му паѓа многу тешко. Неодамна напиша дека изгубил многу килограми, дека не се чувствува добро и не верува дека ќе преживее лишен од слобода долго време.