Џои Џонас и Софи Турнер возвраќаат со Донација од 100 оброци за вработените во болниците од ЛА

22 април, 2020
Џо Џонас

Во екот на пандемијата на коронавирус, Џо Џонас и Софи Тарнер се враќаат во својата заедница. Двојката неодамна донираше 100 оброци од локален грчки ресторан на вработените во болницата „East Los Angeles Doctors Hospital“. Fueling the Fearless, организација која нарачува храна од локалните ресторани да им обезбеди оброци на здравствените работници, ја потврди донацијата во објавата на Инстаграм во понеделникот.

„ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до @joejonas @sophiet @philymack @shondamcintyre за донирање 100 оброци во болницата „East Los Angeles Doctors Hospital“, се вели во насловот. „Оваа болница е во срцето на центарот на Лос Анџелес и служи на огромна  заедница со ограничени ресурси и поддршка. Персоналот работи неуморно за да се грижи за заедницата и за оние кои често се забораваат. Преку овој вид на целосно платени спонзорства @alikisgreektaverna и нејзините донатори донесе момент на олеснување на најблагодарниот персонал. Еден топол оброк за да знаат дека сите заедно сме во ова. Затоа, повторно, ви благодарам @joejonas @sophiet @philymack @shondamcintyre за грижата за медицинските сестри и лекарите во ЛА. #eastla #healthcareheroes“.

Џо и Софи се меѓу многу познати личности кои возвраќаат во ова време на корона. Принцот Хари и Меган Маркл неодамна волонтираа во непрофитниот проект Angel Food за да доставуваат оброци, додека sвездите како Селена Гомез, Кајли Џенер, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс донираа во различни болници.