Џон Травлота и Кели Престон: 28 годишната љубов ја победи најголемата трагедија!

11 април, 20200
naslovna

Се додека сме заедно, се ќе биде во ред, постојано истакнува Кели.

Приказната за Џон Травлота и Кели Престон започнува со многу компликации, а подоцна минува низ многу тешки периоди. Сепак, по 28 години брак, нивната приказна ни покажува што е вистинска љубов, која низ годините и покрај тешките периоди, станувала се посилна.

Кога го запознала Џон, Кели била во долга и многу комплицирана врска.

Џон и Кели се запознале во 1989 година на сет, на филмот The Experts. Таа тогаш била во брак. Несреќен, но сепак брак. Тоа било голема пречка, најмногу затоа што и двајцата се јавни личности. Но Џон никогаш не успеал да ја заборави.

Кели исто така не можела да го заборави, па собрала храброст да се разведе и да започне нова љубовна врска. Две години откако тие се запознале и со само неколку месеци љубовна врска, Џон и предложил брак на Кели. Ова било изненадување за сите што ги познаваат затоа што биле во кратка врска, но Кели кажала Да и била пресреќна.

Таа вели дека чувствата што ги имала за него биле толку силни што била сигурна дека се работи за љубов на прв поглед која ќе трае засекогаш.

View this post on Instagram

Just hanging out on a Saturday afternoon! ♥️

A post shared by Kelly Preston (@therealkellypreston) on

Тие се венчале, а следната година го добиле и нивниот син Џет. Девет години подоцна, во 2000 година, Кели ја родила и ќерката Ела Блу.

Во 2009 година, парот претрпе ужасна трагедија и најголем кошмар за било кој родител – нивниот син Џет беше убиен додека беше на одмор на Бахамите. Ова направи огромна празнина во животот на парот и семејството минуваше низ најтешките моменти.

Џон и Кели знаеја дека треба да си дадат меѓусебен простор, но и дека мораат да бидат тука еден за друг. Како трагедијата да ги зближи уште повеќе, тие биле поблиски од било кога и во 2010 година, Џон и Кели добиваат уште еден син, Бенџамин.

Парот во повеќе наврати во јавноста изјави дека раѓањето на другиот син ја вратило светлина и радост во нивниот дом.

Брачната двојка на Траволта неодамна прослави 28 години од брак, но и покрај тоа, сепак може и денес да се види дека јавно покажуваат љубов еден кон друг.

„Сè додека сме заедно, сè ќе биде добро“, вели Кели.

Од друга страна, Џон признава дека секогаш ќе и биде благодарен на Кели за целата грижа, но најмногу од љубовта што таа несебично ја дава за него и нивните деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi