ЏОРЏ КЛУНИ Е СЕКСИ ЗА СИТЕ ЖЕНИ, НО НА НЕГОВАТА СОПРУГА НЕ И СЕ ДОПАЃА ОВА!

15 октомври, 2020
kluni

Маките на Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, со кои е во брак шест години, никогаш не завршуваат. Со месеци читавме дека парот е пред развод и дека атмосферата во нивниот дом врие, а последното што можевме да го прочитаме е дека Амал Џорџ, од љубомора на Синди Крафорд, сака да се дистанцира од Синди и нејзиниот сопруг Ранде Гербер. Имено, Ранде и неговата сопруга Синди се долгогодишни пријатели на Џорџ, особено Ранде кој е горд што славниот актер и тој се најдобри пријатели.

View this post on Instagram

Please follow @_laram16_ #georgeclooney

A post shared by George Clooney + Amal Clooney (@_george.clooney_) on

И додека до неодамна најголемиот проблем на Амал во животот беше тоа што таа сака да живее во Велика Британија и Џорџ во Америка, сега ја мачи нова ситуација, која всушност ја нервира цела година. Додека некои жени се седи како знак на впечатливост, Амал смета дека се одвратни седите влакна и пред една година му наредила на Џорџ да ги отстрани или прикрие. Таа смета дека ваквиот изглед не и доликува на холивудска ѕвезда, но ако погледнеме некои од најголемите холивудски ѕвезди, како што е Ричард Гир, интересно е што за нивниот сексипил најмногу придонесува седата коса.

Сепак, Амал не се откажува од нејзините стандарди, а одбивањето на Џорџ да ги прикрие седите влакна, наводно влијаело и на нивниот сексуален живот, бидејќи Амал не може да замисли човек со таков изглед воопшто да ја допира.