Џорџ Клуни призна дека ги изневерил Амал и нивните деца!

18 декември, 2020
Amal-Clooney-in-stella-mccartney


Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал се едни од најуспешните и најсаканите славни парови во светот. Откако ги добија близнаците Александар и Ела пред три години, 59-годишниот актер најмногу се посветуваше на семејството, но неодамна се врати на филмските екрани во новиот филм ‘Полноќно небо’ што го промовира. Во едно од интервјуата што ги даде по повод премиерата, тој ги шокираше обожавателите признавајќи дека поголемиот дел од неговото богатство вредно околу 500 милиони долари, откако ќе умре, нема да го наследат неговата 42-годишна сопруга и децата, туку пријателите на Џорџ, пишува entertaintimes.com.

george i amal clooney


Некогаш најпосакуваниот ерген во Холивуд, објасни дека направил тестамент со адвокат токму во времето кога првпат се сретнал со адвокатката за човекови права, на почетокот на 2014 година. Подоцна, кога тие беа во врска, Амал во еден момент не го праша што ќе стори со своето богатство по смртта. Тој рече дека се шокирала кога тој и рекол дека повеќето од неговите пари ќе ги наследат неговите пријатели кои не успеале да се збогатат како него и на кои им треба помош за да можат да плаќаат за колеџот на своите деца.

George Clooney

Актерот се присети како тој долго време беше без пари и немаше скоро ништо, што го научи да биде благодарен за богатството што го има сега и го направи свесен за тоа колку може да биде тежок животот за ‘обичните’ луѓе. Тој самиот израснал во сиромашно семејство, објасни тој. Неговата самохрана мајка работела две работи и се грижела за него и за неговиот брат.

George Clooney
escort - Korsan taksi