Ѕирнете во гардероберот на поп-кралицата – Мадона покажа како изгледа нејзиното ЦАРСТВО ЗА ПРЕСОБЛЕКУВАЊЕ (ФОТО)

28 декември, 2020
profimedia-0221086547

Покажа каде ужива најмногу.

Поп кралицата и господар на скандали Мадона објави преку фотографии на Instagram, каде нејзиниот огромен гардеробер беше во преден план!

Имено, нејзините посвоени ќерки се пресоблекуваа пред огледалото, па Мадона реши да го овековечи тој момент и да го сподели со своите следбеници, и да покаже како и каде сака да го поминува слободното време со своите деца.

Инаку, пејачката нема навика да објавува фотографии од своите деца. Таа има две биолошки деца, ќерката Лурдс (20) и синот Рок (17), а посвои четири деца од африканската земја Малави. Од Малави се Мери Џејмс (11) и Дејвид Банда (11), кои пристигнаа во нејзиниот дом пред неколку години, а пред шест месеци Мадона ги посвои и девојчињата Стела и Естер. Мајката на овие петгодишни деца починала при породување, а таткото не можел да се грижи за нив, па токму овие две се на овие фотографии.

Пејачката ги нарече девојчињата свои „музи“, што наиде на општ ентузијазам кај обожавателите, па тие и честитаа на прекрасниот потег и рекоа дека е прекрасно што реши да посвои сиромашни деца.

 Еднаш изјави дека најважно за неа е сите нејзини деца да станат добри луѓе.

– Многу луѓе ми велат: „Ти навистина сакаш Лурд да биде танчерка“ или „Ти навистина сакаш Роко да биде сликар“. Тоа не е точно, сè што сакам е моите деца да бидат одговорни, сочувствителни луѓе полни со љубов. Сакам да се однесуваат со почит кон другите луѓе, без оглед на нивната религија, боја на кожа, пол. Најважно е дека тие се добри луѓе. Ако станат новиот Роналдо или новиот Пикасо, тоа е само цреша на тортата – истакна славната Мадона.

escort - Korsan taksi