Ѕвер од 23 милиони евра: Погледнете како изгледа приватниот авион на Роналдо! (ВИДЕО)

7 мај, 20200
ronaldo 0

По двомесечниот престој во Португалија, Кристијано Роналдо одлучи да се врати во Италија, каде наскоро треба да започне со тренинзите во кампот на Јувентус.

Роналдо пристигна во Торино со семејството.

Италијанските новинари не го пропуштија фактот дека Роналдо пристигна во Торино со приватен авион. Станува збор за „Gulfstream G200“, вреден 23 милиони евра. Кристијано го купил авионот во 2015та година, а во светот има само 250 вакви авиони.

Максималната брзина на авионите, оргинално наречена „Astra Galaxy“, е 900 км на час, па потребни се максимум шест часа за Роналдo од родниот Фуншал до Торино.

Авионот е погоден за Роналдо од Италија да се пресели каде и да посака низ Европа за релативно кратко време.

Во авионот можат да се сместат десет патници, кои можат да патуваат како кралеви, бидејќи ентериерот е исполнет со луксуз. Авионот има Wi-Fi, телефон, добро опремена кујна, најсовремена техничка опрема, како што се ТВ и видео игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi