Една од најголемите холивудски ѕвезди живее далеку од гламурот, во маркет ни родениот брат не би ја препознал!

3 септември, 2020
f_8638527_1024

Пандемијата на коронавирусот ги запре холивудските филмски продукции, а многу познати актери од нивниот луксузен дом чекаат крај на кризата и доаѓање на подобри времиња за да се вратат на снимањето филмови и серии.

Една од најубавите и најбарани актерки во светот, Скарлет Јохансон (35) го чека крајот на пандемијата во омиленото летно одморалиште на богатите њујорчани Хемптонс, каде има куќа.

Таа поминува време со својата ќерка Дороти Роуз, која деновиве го слави шестиот роденден, а тие вчера беа снимени пред супермаркетот.

image

Гламурот од црвениот тепих го замени со удобна облека и заштитна маска. Таа ја врза својата долга руса коса во реп и не би било изненадувачки ако убавата актерка, која носи и очила со диоптер, била препознаена од само неколку клиенти во продавницата.

image


Малата ќерка среќно отиде на шопинг, седејќи во количка, која нејзината мајка ја наполни до врвот. Скарлет беше облечена во црн едноделен комбинезон, на стапалата имаше влечки од беркенсток, а само чантата „Шанел“ која ја носеше над рамената даваше глас на гламурот.

Таа ја доби малата Роуз Скарлет во брак со Французинот Ромен Дауриак, а сега е верена со комичарот Колин Џаст, со кого во моментов живее во Хемптонс.

Наскоро би можеле да ја видиме Скарлет на филмското платно, но и на црвениот тепих, бидејќи премиерата на нејзиниот филм „Црна вдовица“ е закажана за крајот на октомври. Се разбира, сето тоа ќе зависи од состојбата со епидемијата на коронавирус, поради што првичниот датум 29 април е преместен на крајот на годината.

image
image
image
escort - Korsan taksi