Една од најубавите жени имала проблем со самодоверба?!

6 мај, 20200
penelope kruz

Во разговор за магазин, атрактивната актерка на изненадување на сите откри дека немала доволно самодоверба кога била помлада.

Пенелопе Круз (46) важи за една од најубавите актерки во светот, а нејзиниот беспрекорен изглед во петтата деценија остава без здив.

Славната шпанска актерка, која е во брак со актерот Хавиер Бардем и има син Лео (9) и ќерка Луна (6), во интервју за магазинот „Red“ откри дека како млада немала доволно самодоверба.

Таа призна дека и е непријатно кога и се обраќаат со убавица, бидејќи не сака со својот изглед  да привлекува внимание.

„Не е пријатно. Јас не се гледам себеси како убавица. Додека растев, немав голема самодоверба во однос на изгледот и тоа никогаш не ми беше прв фокус. Никогаш не би менувала како се чувствувам денес со тоа како се чувствував во дваесеттите години. Имаше многу несигурности што подоцна сфатив колку се ирелевантни “, рече таа, додавајќи дека ги сака и цени комплиментите, но само ако потекнуваат од нејзините деца затоа што таа знае дека се искрени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *