Експертите тврдат: Треба да се плашиме од Кејт Мидлтон, а не од Меган Маркл! Таа има план како да го модернизира британското кралско семејство!

1 декември, 2020
_uploads_thumbs_resize_800x420_361749


Иако Меган Маркл упорно се обидува да се докаже како таа што ќе ги смени строгите правила на британското кралско семејство, се чини дека оваа улога подобро ја игра Кејт Мидлтон. Наместо да се побуни, таа се одлучи за бавна, но ефективна трансформација на британскиот двор одвнатре, трансформирајќи се од тивка, ненаметлива сопруга во силна жена со мисија. Значи, сигурно може да се каже дека Кејт е една од најуспешните членови на британското кралско семејство, барем ако ги погледнеме новите генерации на истото. Како жена која наскоро ќе стане сопруга на крал и мајка на три деца, сфаќаме дека Кејт е навидум тивка и невина, а всушност е исклучително мудра и способна личност.

Војвотката од Кембриџ е многу зафатена последните неколку месеци со својата работа и придонес во британското кралско семејство, а многу кралски набљудувачи го фалат нејзиното растечко присуство во светот на социјалните медиуми. Експертот за говор на тело Џуди Џејмс сподели во интервјуто за Express UK дека Кејт Мидлтон е личност во развој. Други експерти исто така откриваат дека судејќи според нејзината невербална комуникација, војвотката станува се ’похаризматична’ и ’посигурна’.

Кејт Мидлтон, чии потенцијали досега беа недоволно користени, сега станува новото лице на кралското семејство, а луѓето го сакаат тоа. Војвотката се занимава и со повеќе контроверзни теми и очигледно не се плаши да преземе одговорност за своите постапки и зборови.
Експертот за говор на тело и писател Џуди Џејмс објаснува дека Кејт Мидлтон била многу покорна личност за време на првите неколку години од бракот со принцот Вилијам, но сега таа покажа дека направила круцијален чекор што ќе ја обликува во уште подобра и поуспешна личност.

-Ќе биде интересно да се види дали комуникациските вештини и очигледната харизма на Кејт ќе му дадат доволно доверба на кралското семејство да и даде уште поконтроверзни теми за решавање, објасни Џејмс.

Понатаму, Џејмс го коментираше наметливото однесување на Кејт. „Зголемената самодоверба на овој кралски член откри дека таа веќе не е само убава сопруга и убава мајка, туку е и силна и моќна жена од која треба да се плашите“, рече Џејмс.

Но, патувањето на Кејт Мидлтон не е лесно, бидејќи војвотката ќе мора да се соочи со Вилијам, принцот Хари и Меган Маркл, со цел да реши некои контроверзни прашања, односно ќе треба да научи да се бори повеќе за себе и почесто да кажува „не“ , додава Џејмс и исто така рече: „Нејзините вештини за говорење во јавноста и нејзините вештини пред камерите се подобруваат со текот на годините“.

Исто така, тој ја пофалува Кејт за нејзината професионалност и колку е природна кога ќе се појави пред камерата. „Таа направи голем напредок откако британските медиуми ја нарекоа “Waity Katy”, заклучува Џејмс. Имено, неколку години откако беа заедно, принцот Вилијам одбвал да ја запроси Кејт, што војвотката тешко го поднесе, дури во мера во која медиумите ја нарекоа “Waity Katy”, алудирајќи на нејзиното трпение, кое се граничеше со наивност и пасивност.

Но, денес Кејт Мидлтон веќе го планира своето владеење како „сопруга на кралот“. Се верува дека војвотката сака да го смени целиот „застарен“ систем и ќе добие повеќе улоги од која било „жена на кралот“ или кралица пред неа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris