Елен го разочара целиот тим! Ги намалила платите на вработените за 60% и тоа без најава

21 април, 20200
elen

Елен Деџенерес поради пандемијата со корона вирусот шоуто го води од нејзиниот удобен и луксузен дом, но нејзините вработени не ја кријат својата фрустрација за драстичното намалување на заработката, без најава.

Два извори од тимот на Елен кои сакале да останат анонимни, изјавиле дека добиле многу малку информации од почетокот на вонредната состојба и неколку телефонски повици од високи позиции, кои не им откриле ништо. Само еден вработен во продукцијата дознал дека очекуваат намалување на платите од 60 проценти, додека шоуто ќе продолжи да се емитува.

Телевизискиот тим на шоуто од околу 30 луѓе е револтиран, бидејќи Елен ја води емисијата од нејзиниот дом во Калифорнија, а тие сè уште не знаат кога ќе добијат плати. Интересно е што среде пандемија, водителката ангажирала надворешна компанија за технологија за да овозможи шоуто да се емитува беспрекорно.

Патем, Елен има потпишано годишен договор од 87,5 милиони долари за емитување, а нејзините средства се проценуваат на 490 милиони долари и вработените очекуваат барем таа да им излезе во пресрет, во оваа ситуација.

ПР на телевизиската куќа Ворнер Брадерс, која стои зад шоуто, за медиумите изјави дека тимот сеуште добива плата, иако им биле скратени часовите за работа. – Нашите извршни продуценти се посветени на грижата за нашите вработени и тимот, а пред сè нив ги имаа предвид во донесувањето одлуки – рече ПР-от.

И покрај ова, изворите велат дека во текот на последните две недели не добиле информации колку и како ќе бидат платени.

Дополнително ги вознемири веста дека вработените во слични и подеднакво успешни емисии ги добиваат своите редовни плати и дека водителот Џими Кимел на есвојот тим му исплатил плата од сопствен џеб, што дополнително ги натерало да се лутат на Елен затоа што таа не донела иста одлука, да им помогне на колегите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *