Еминем за најтешките моменти: ми откажуваа органите, никој не веруваше дека ќе преживеам!

22 април, 20200
eminem

Еминем на својот Инстаграм профил објавил фотографија од чипот за трезност и се пофалил дека е чист цели 12 години.

“Чисти 12 години. Не се плашам”, напишал пејачот под фотографијата.

Музичарот секогаш отворено зборувал за зависноста. Открил и дека пиел и по 30 таблети против болки и 40-60 седативи за смирување во еден ден.

Во документарниот филм “How To Make Money Selling Drugs”, тој изјавил: “Не знам во кој момент стана проблем. Се сеќавам дека сè повеќе ми се допаѓаше”.

Некаде во 2002 година му се појавиле и проблемите со несоница за време на продукцијата на филмот 8 Mile кога работел и по 16 часа дневно. Пријател го запознал со Амбиен, лек кој им помага на луѓето полесно да заспијат, што му било влез во останатите лекови на рецепт.

Дното го допрел во 2007 година кога се предозирал со комбинација од силен аналгетик и метадон, кој инаку се користи кај луѓето кои се одвикнуваат од други опијати, како хероин.

“Докторите ми кажаа дека сум земал доза еквивалентна на четири вреќички хероин. Да дојдев во болница два часа подоцна, би бил мртов. Ми откажуваа органите- црниот дроб, бубрезите, сè. Ме ставаа на дијализа и мислеа дека нема да преживеам. Смртта требаше да биде моето дно”, раскажал тој во 2010 година.

Тогаш си ветил дека никогаш повеќе нема да посегне по дрога, но патот до заздравувањето му бил многу тежок, се откажал од дрога бидејќи сфатил дека сака да биде со своите деца додека растат.

Елтон Џон му станал ментор, кој го проверувал еднаш или два пати неделно, за да се увери дека раперот е во ред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *