Ева Лонгорија ја покажа својата извајана фигура во бикини и ги воодушеви фановите

22 јули, 20200
Annotation 2020-07-22 120639

Познатата холивудска актерка и ѕвезда од серијалот „Домаќинки“ редовно им дава на своите лојални обожаватели на Инстаграм увид во семејниот живот со сопругот Хозе Антонио Бастон и двегодишниот син Сантијаго, а минатиот викенд таа го обезбеди своето внимание истакнувајќи ја беспрекорната фигура во црно бикини

Заземајќи самоуверена поза, 45-годишната актерка ја претстави својата извајана фигура покрај базенот во црно бикини, а како што имаше можност да открие во описот на фотографијата, станува збор за модел инспириран и именуван по неа со брендот Kymina чиј основач е поранешниот француски модел Џесика Лемари-Пирес.

Заедно со црно бикини со сопственото име, актерката комбинираше сламен црн шешир, а нејзините бројни обожаватели не се двоумеа да ја пофалат за нејзиниот беспрекорен изглед во нејзината петта деценија од животот.

Како што откри на Инстаграм, последните месеци ги поминува со семејството на својот имот во Мексико, а за да го задржи своето тело во врвна форма за време на пандемијата на коронавирус, таа создаде импровизирана салата во нејзината гаража и дворот, а често и се придружува и синот  Сантијаго.

Кон крајот на мај, ѕвездата на серијата „Домаќинки“ и нејзиниот сопруг ја прославија четвртата годишнина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *