Фудбалерите го прифатија фит предизвикот на Кристијано Роналдо – дали ќе го прифатите и вие?

12 април, 2020
kristijano

Ние често прескокнуваме каква било форма на вежби за стомачни мускули, па затоа асот на Јувентус кој е во изолација во Португалија со своето семејство, на Instagram објави видео на кое прави вежби за стомачни мускули.

Во соработка со Nike, Роналдо ја почна кампањата The Living Room Cup (Куп во дневната соба), а целта е за 45 секунди да се направат што е можно повеќе стомачни вежби.

Роналдо за 45 секунди направи 142 стомачни, рекорд кој ќе биде многу тешко да се надмине.

Сепак, целта е да се поттикнат луѓето на физичка активност во нивните домови во време кога во многу земји има различни форми на ограничување на движењето на граѓаните.

Колку можежете да направите вие?

Предизвикот го прифатија и другите професионални фудбалери – Винисиус Жуниор, Блез Матуиди, Ансу Фати, Халанд, Леонардо Бонучи…

https://www.instagram.com/p/B-nMSI9ho4p/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B-ogeyvB867/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B-r4cyjBvQT/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B-omXenheBw/?utm_source=ig_embedhttps://www.instagram.com/p/B-b6f7_gooQ/?utm_source=ig_embed