Фудбалска соба, претседателски апартман и жени: Ова е куќниот притвор на Роналдињо!

19 април, 20200
ronaldinjo-9-620x350

Бразилецот и неговиот брат се единствените гости на хотелот заради корона вирусот, па затоа имаат на располагање што ќе посакаат.

Легендарниот Роналдињо беше ослободен пред десетина дена од затворот во Парагвај во Асунсион, па сега е во куќен притвор.

Познатиот екс фудбалер и неговиот брат Роберто Асис платиле кауција од 1,6 милиони долари и сега ќе ја подготвуваат одбраната од куќниот притвор.

За потсетување, Роналдињо беше уапсен на 5 март, откако со лажен пасош влезе во Парагвај и помина 32 дена во затвор. Тој ќе биде задржан во куќен притвор во хотелот во Асунсион во очекување на судењето.

Со оглед на пандемијата, Роналдињо и Роберто се единствените гости на луксузен хотел и можат да уживаат во најдоброто од најдобриот хотел во земјата. Роналдињо спие во претседателскиот апартман, тој има и соба за фудбал.

Тој не ја изгубил својата смисла за хумор. Додава хумор во секој наш разговор и секогаш има насмевка на своето лице – рече менаџерот на хотелот и додаде: „Тој праша за топка, за да може да вежба и да се забавува, а бидејќи хотелот нема мало фудбалско игралиште, ние опремивме соба за тој да игра со неговиот брат.“

Роналдињо замина во Парагвај за да ја промовира својата книга „Генијот на животот“ и да учествува во добротворна акција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *